MKГаранција и сервисНајчесто поставувани прашања и отстранување на проблемиМоже да дојде до посериозно оштетување како резултат на помали дефекти, кои самитеможете да ги поправите со помош на следните упатства. Не вршете понатамошни поправкидоколку следните упатства не ви помогнат во вашиот случај.Предупредување: Поправката на уредот треба да се изврши од страна наквалификуван сервисер. Нестручно изведената поправка претставува ризик закорисникот на уредот. Доколку вашиот уред треба да се поправи, обратете се досервисниот центар.Што да направам доколку не функционираат зоните за готвење?Проверете дали:• Осигурувачот од напојувањето (во кутијата за осигурувачи) е исправен. Ако осигурувачотизбива неколку пати, повикајте овластен електричар.• Уредот е соодветно вклучен.• Контролните индикатори на контролната плоча светат.• Зоната за готвење е вклучена.• Зоните за готвење се поставени на соодветното ниво на јачина.Што да направам доколку зоните за готвење не може да се вклучат?Проверете дали:• Поминува време подолго од 10 секунди од притиснувањето на копчето за вклучување/ исклучување до вклучувањето на површината за готвење (погледнете го делот“Вклучување на уредот”).• Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.Што да направам ако екранот одеднаш исчезне и остане самоиндикаторот за преостанатата топлина ?Ова може да се случи заради две причини:• Сензорот за вклучување / исклучување случајно е активиран.• Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.Што да направам ако по исклучувањето на зоните за готвење,индикаторот за преостанатата топлина не се прикажува на екранот?Проверете дали:• Зоната за готвење сте ја употребиле многу кратко време и заради тоа не се загреаладоволно. Доколку зоната за готвење е загреана, ве молиме повикајте го сервисниотцентар.Што да направам ако зоната за готвење не може да се вклучи илиисклучи?Ова може да се случи заради две причини:• Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност.• Безбедносното заклучување за деца е активирано.Што да направам ако на екранот се прикаже ?Проверете дали:• Контролната плоча е делумно покриена со влажна крпа или течност. За да продолжите,притиснете го контролниот сензор за “вклучување / исклучување”.26C61R2AEEP_BOL_DG68-00125D-04_MK_161107.indd 26 2016-11-07 �� 11:13:29